Рибар од Миравци се удави во Вардар

Од:

Рибар од гевгелиското село Миравци се удавил вчера во водите на Вардар, соопшти МВР.

В.Ѓ.(56) паднал и потонал во Вардар додека со В.М. (19) исто така од Миравци, поставувале рибарски мрежи кај местото викано „Три тополи“.

Телото на рибарот било пронајдено и извлечено од реката вчеравечер во 19:15 часот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Рибар од Неготино е пронајден удавен во Вардар

А1он

Рибар од Дунав извлече сом долг 2,5 метри и тежок над 90 килограми

А1он

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Пронајдено тело на српски државјанин во Вардар кај Демир Капија

Горан Наумовски

Извадено e женско тело од водите на Вардар

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес