Тајван: Кина сака да го претвори островот во „иден Хонг Конг“

Од:

Кина се обидува од демократската територија Тајван да направи „иден Хонг Конг“, изјави тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву по средбата со американскиот министер за здравство Алекс Азар.

– Нашиот секојдневен живот е се потежок додека Кина продолжува да врши притисок врз Тајван да ги прифатиме нејзините политички услови, услови кои од Тајван би направиле иден Хонг Конг, посочи Ву.

Посетата на Азар на Тајван ја осуди Пекинг, истакнувајќи дека го загрозува мирот.

Азар, кој е во тридневна посета, е највисок американски претставник во посета на Тајван од 1979 година, кога САД ги прекинаа дипломатските односи со Тајпеј за да ја признаат комунистичката влада со седиште во Пекинг, како единствен претставник на Кина.

Посетата на Азар е во момент на зголемени тензии помеѓу Пекинг и Вашингтон за повеќе теми, од Хонг Конг, до трговските прашања и новиот коронавирус.

Азар за време на посетата ја пофали тајванската демократија и борбата против Ковид-19. Тој упати критика кон ставот на Кина за пандемијата, која се појави на нејзина територија и нејзиниот авторитативен модел на владеење.

Тајванското Министерство за одбрана вчера соопшти дека кинески авиони ловци на кратко ја преминале централната линија на Тајвански Залив, која Тајпеј и Пекинг ја сметаат за своја „граница“.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени