Новата италијанска министерка за интеграции, Сесил Куенж, родена во Конго, изјави дека Италијаните не се расисти, но дека има некои кои што не ја познаваат другата култура и не разбират какво богатство на една држава може да и донесат имигрантите.
-Не сум избоена, јас сум црна. Важно е тоа да се каже и со чест го нагласувам-истакна таа по изјавата на еден пратеник од европскиот парламент.
Според неа додека не се запозне нешто друго, скептицизмот и дискриминацијата се зголемуваат.
-Поради тоа она што се нарекува основа на расизмот е непознавање на другата култура-изјави министерката.
Сесил Куенж е првата црнкиња која стана министерка во италијанската влада. Пред да биде изберена за министерка, беше пратеничка во италијанскиот парламент.
Елена Георгиевска