Судот во Баку вчера донесе пресуди за затворски казни за три лица, поради обид за кревање во воздух на амбасадата на Израел пред изборот на Песна на Евровизија, минатата година.
Судот претходно, во декември, поради истото кривично дело, осуди четири лица.
Недела дена по завршување на изборот на Евровизиската песна, Министерството на Азербејџан соопшти дека е спречен терористички напад и дека се приведени 40 лица осомничени за планирање на инцидентот.
Обвинетите имале план да ја нападнат Кристалната сала во Баку, каде што се одржуваше изборот на песна на Евровизија, како и неколку хотели каде што претстојуваа натпреварувачите од државите учеснички.
Кај осомничените полицијата пронајде експлозивни направи, но и ги обвини дека биле во врска со исламистичките бунтовници од Дагестан.
Елена Георгиевска