Нухиу ги потпиша актите за двојазични амблеми на полициските униформи

Од:

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите со кои, полициските униформи ќе добијат двојни натписи, на македонски и на албански јазик.

Потпишувањето на овие акти доаѓа две недели откако Нухиу привремено ја презема функцијата министер од неговиот претходник, Наќе Чулев.

„Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица, Единицата за специјални задачи“, пишува Нухиу на социјалните мрежи.

Двојазичните униформи на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и општините каде живеат 20 отсто од Албанците е предвидено со Законот за јазиците кој пред две години беше изгласан во Собранието со 69 гласови „за“.

Би можело да ве интересира

Груби ги објави полициските униформи испишани на албански јазик: Уште една успешна мисија

Катерина Ѓуровски

Бектеши: Двојазични етикети мора да има, ДПИ ќе врши проверки

A1on

МВР: Актите за двојазичните полициски униформи треба да се достават до Владата

А1он