Четириесет и седумгодишниот Нецислав Козарев кој се самозапали во текот на неделава почина, со што бројот на жртвите од самозапалување за само неколку седмици се искачи на шест.
Козарев кој во среда, во градот Смољан на југ од Бугарија се запали со бензин, почина од здобиените повреди, соопшти болницата во која беше хоспитализиран.
Во Бугарија за само неколку недели се случија чест слични инциденти, во рамките на протестите против сиромаштијата и корупцијата кои кон крајот на февруари доведоа до оставка на премиерот Бојко Борисов.
Три од жртвите кои се самозапалија имаа политички барања додека останатите на ваков чекор се решија поради очај и сиромаштија.
Елена Георгиевска