Изменет сообраќаен режим за Велигден

Од:

Поради Велигден, вечер од 20 часот до утре, откако ќе заврши службата ќе биде забрането одвивање на сообраќајот околухрамот „Св. Климент Охридски“.

Забраната важи за дел од булеварот „Партизански одреди“, од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ до крстосницата со булевар „ВМРО“, како и дел од булеварот „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“.

Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по булеварот „Партизански одреди“ кон Карпош ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следниве улици-„Димитрие Чуповски“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Франклин Рузвелт“. Автобусите на јавниот градски сообраќај што се движат по булеварот „Партизански одреди“ во насоката исток, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следниве улици- „Франклин Рузвелт“,„Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Димитрија Чуповски“ и „11 Октомври“. Притоа автобусите ќе се вклучат на постојните траси и ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он