ВИДЕО: Полициски екипи интервенираа пред поранешна градска болница, по вербална и физичка пресметка на две семејства

Од:

Три полициски возила со по неколку полициски службеници интервенираа пред поранешна градска, а сега, болница „Свети Наум Охридски“ откако била пријавено нарушување на јавниот ред и мир.

Според неофицијални информации, две семејства најпрво вербално, а потоа и физички се пресметале, а откако дете било удрено од автомобил и пренесено во болницата. Од МВР велат дека се собираат информации за настанот.

„Во близина на старата градска болница дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на семејства, при претходно сличена сообраќајна незгода, во која, според привични сознанија било удрено дете“, велат од МВР за „А1он“.

Екипи на полицијата и натаму се на терен, по што, МВР ќе излезе со повеќе информации околу случајот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски