Италијанската полиција уапси 29 носачи на багаж заради сомневање за кражби на камери, мобилни телефони и други рпедмети од куфери на патници.
Лицата се уапсени откако во дел од авион со багаж инсталирале камери. Истрагата почнала во 2011 година на римскиот аеродром Леонардо да Винчи и во Ламеција Терма, а потоа се проширила на уште шест аеродроми во Италија.
Заменик шеф на полицијата на аеродромот Ламеција Терма, Феручо Мартучи изјави дека лицата биле уапсени откако полицијата инсталирала камери отпорни на температурни разлики и притисок во делови од авионот каде се сместува багажот.