Премиерот на Косово најави извештај по информациите за присуство на српската Жандармерија на Косово

Од:

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, најави дека наскоро ќе има детален извештај за ситуацијата во село Карачево, во кое, според наводите на пратеникот на Самоопределување, Мефаиљ Бајќиновци, се појавиле припадници на спрската полиција.

„Нашите граѓани во тој дел нема да останат без заштита од институциите. Нашите акции ќе бидат во согласност со Уставот и законите и ќе бидат координирани со сите безбедносни механизми во земјата“, напиша Хоти на „Фејсбук“, пренесе порталот „Коссев“.

Бајќиновци вчера објави видео од Карачево кај Косовска Каменица во кое, според него, се гледаат припадници на српската Жандармерија.

Тој ги повика косовските безбедносни институции итно да реагираат со цел заштита на граѓаните, суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово.

Би можело да ве интересира

Москва: Се врши притисок врз Србија

А1он

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад

Медиуми: Генералниот штрајк во Србија не успеа, се работи како и обично

Искра Росо: Бев задржана од полицијата во Белград без јасно објаснување, издадена ми е едногодишна забрана за влез во Србија

ВИДЕО: Генерален штрајк, протести и блокади во Србија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он