Бичиклиски: Црвенковски седум дена молчи

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно прашува „зашто од Бранко Црвенковски и од СДСМ има молк во однос на признанието на Магаш дека Црвенковски и Фрчковски одобрувале и договарале шверц на нафта“.

Според портпаролот на партијата, Александар Бичиклиски, цела недела Бранко Црвенковски се крие и молчи.

„Јасен е случајот. Бранко како премиер, Фрчковски како министер во кафеаната зад мене договрале шверц на нафта. Дури и тарифата е позната. За секој литар Бранко и Фрчковски заработувале по 25 фенинга. Ова не го кажува ВМРО-ДПМНЕ, туку го кажува и сведочи директен учесник во тој криминал, Љубомир Магаш.

СДСМ мора да ја надмине нервозата, СДСМ мора да почне одговорно да делува. СДСМ мора да стане партија која ќе дава јасни одговори кога јавно се прозвани. Ова е сериозен случај, се работи за сомневања за огромен криминал. Не бидете арогантни и одговорете.

Г-дине Црвенковски ние не отстапуваме, Вие сте лично прозван и вие лично мора да одговорите:

За колкав шверц станува збор? Колку цистерни пуштавте низ границите и кој се се богатеше додека народот го осиромашувавте и го ограбувавте?

Во кои џебови отидоа парите од шверцот на нафта? На кои банкарски сметки завршуваа овие со криминал заработени пари? Со име и со презиме, кажете ги луѓето.

Ова е огромен скандал, од балкански размери. Ова е прв случај да излезат во јавност сознанија кои ги кажува човек директен учесник во криминалот со шверцот со цигари“, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат