Лидерот на кипарските Турци бара итна обнова на преговорите за Кипар

Од:

Претседателот на Турската Република Северен Кипар, Дервиш Ероглу побара денеска итно возобновување на преговорите на двете кипарски заедници за надминување на проблемот на поделениот остров.

Според Ероглу, на „јужниот (грчки) дел од Кипар“ преовладува расположение за пролонгирање на преговорите, поради што не е познато дали тие ќе продолжат во октомври како што е предвидено.

Лидерот на кипарските Турци смета дека кризата што го тресе грчкиот дел на Кипар би можела да трае со години, па затоа таа не треба да биде изговор за одлагање на преговорите, кои, според него, би требало да почнат веднаш.

– Не е лесно да стигнете до договор ако за тоа постои расположение само од едната страна, рече Ероглу, потсетувајќи дека кипарските Грци го отфрлија предлогот за надминување на спорот што го предложија ОН за време на претходната фаза од преговорите, кои се во прекин од средината на минатата година.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ