Опозициската Сириска национална коалиција денеска ги обвини силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад за убиство на најмалку 50 лица при напад на едно сунитско село на брегот на Средоземното Море.
Сириските бунтовници соопштија дека владините сили вчера го заземале селото Бајди, при што убиле најмалку 50 локални жители, но се стравува дека „страдале и до сто лица“.
Опозицијата, повикувајќи се на „изјави на сведоци“, тврди дека меѓуубиените има и деца и жени, како и дека „десетина жители се водат како исчезнати“.
Според бунтовниците, нападот врз Бајди претставува „масакр од голем обем“ зад кој стои режимот на Асад.