Интерпол испрати свој тим во Бејрут

Од:

Интерпол испрати тим на експерти во Бејрут за да им помогне на либанските власти во истрагата за катастрофалната експлозија во пристаништето.

„На барање на либанските власти, Интерпол испраќа специјализиран тим во Бејрут по експлозијата во која загинаа повеќе од 150 луѓе и уништи голем дел од градот“, се вели во соопштението на Интерпол.

Меѓународен тим кој вклучува И експерти за идентификација на жртвите од катастрофата ќе обезбеди помош на лице место.

Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, рече дека искуството на организацијата ќе им обезбеди значителна помош на либанските власти и ќе продолжи да ја обезбедува целата помош што ја бара Либан.

Би можело да ве интересира

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Осум лица загинаа во израелскиот напад на југот на Бејрут

Остин: САД не виделе докази дека има бункер под болницата во јужен Бејрут

ИДФ: Во Бејрут погодени се локации за производство и складирање оружје на Хезболах

Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Горан Наумовски