Бројот на жртвите при уривањето на зградата во главниот град на Бангладеш, Дака минатата недела, според најновите податоци, се искачи на 501 лице.
Новото зголемување на билансот на жртви уследи откако во текот на минатата ноќ и претпладнево спасувачките екипи под урантините на зградата пронајдоа неколку десетици трупови на загинати.
Се очекува конечниот биланс на загинати да биде уште поголем, имајќи предвид дека 120 лица се уште се водат како исчезнати и се претпоставува дека се затрупани под урнатините на зградата.
Во врска со уривањето на објектот полицајата го уапси инженерот Абдур Разак Кан, консултат во градежната компанија „Рана Плаза“, која бесправно доградила уште три ката на зградата. Неколку дена пред инцидентот градежната инспекција констатирала дека зградата не е безбедна и издала налог за нејзино иселување, но ваквите предупредувања биле занемераени од сопствениците на објектот.