Во Крушево викендов за првпат пливачки маратон „Тоше Проески“

Од:

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за првпат ќе се одржи маратон во пливање во должина од 2,5 км, во организација на пливачкиот клуб Вардар 2018 и со поддршка на општина Крушево. Маратонот го носи името на Тоше Проески.

Организаторите велат дека се надеваат на успешен маратон, кој ќе стане традиција во нашата земја.

„Ова е нова атракција во Крушево, нова причина многу туристи да дојдат тука. Крушевското Езеро е особено популарно откако се асфалтира патот до него и секојдневното одржување на патеките за трчање и возење велосипед носи многу луѓе тука. Ги поканувам сите да не посетат за Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република и воедно да го проследат овој нов тип на настан во Крушево во недела“, вели градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Во Илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари