На социјалните мрежи се појави фотографија на која може да се види моментот кога пожарникарите заедно со едно лице се обидуваат да ја отворат вратата од складиштето каде што настана пожарот, а набргу потоа се случи силната експлозија.
That was the last picture of the firefighters before the explosion ?
Rest in piece, heroes ❤️#Beirut #Lebanon pic.twitter.com/OIgl8rqXJg— SAMᴸᴾ (@LlAMSHABlT) August 6, 2020
Според британскиот медиум Daily Mail, фотографијата е направена пред магацинот број 12 во пристаништето во Бејрут, само неколку минути пред експлозијата на амониум нитрат која усмрти илјадници животи во либанскиот град.
Гувернерот на Бејрут соопшти дека пожарникарите кои биле во пристаништето исчезнале по експлозијата и по нив се трага, а лицето кое билo фотографирано со пожарникарите, починало.
Фотографијата била пронајдена во неговиот мобилен телефон.