СДСМ: Приоритет во преговорите за новата влада е борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа

Од:

СДСМ води сериозни преговори за формирање на влада со полн четиригодишен мандат, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, на која еден од главните приоритети ќе и биде борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа.

Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.

Заеднички ќе биде договорен систем за проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер. За раководителите кај кои е утврдено нечесно работење следуваат санкции.

Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да бидат отчетни, транспарентни и чесни и затоа воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт.

Корупцијата е непријател на граѓаните и на институциите и затоа граѓаните на изборите на 15 јули ни дадоа мандат да се избориме со криминалот и корупцијата на сите нивоa.

Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ