Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ сè уште не донел конечна одлука дали ќе игра на УС Опен, кој започнува на 31 август, пренесува „Спорт Клуб“.
Во последните часови стана јасно дека 33-годишниот српски тенисер, кој е трикратен шампион во Њујорк, се пријавил да учествува во турнирот, но конечна одлука ќе биде донесена во наредните денови.
Минатата година, освојувачот на 17 Гренд-слем титули стигна до четвртфиналето во Њујорк, откако не успеа да го заврши натпреварот против Швајцарецот Стен Вавринка (4:6, 5:7, 1:2) поради повреда на рамото.