На автопат во американската сојузна држава Флорида, човек облечен во маица и куси панталони, минал 15 километри закачен на шофершајбната од камион со приколка. Тој и возачот на камионот всушност биле сопатници. По меѓусебна расправија, следела пауза на еден паркинг, а човекот по бермуди тргнал пешки по автопатот.
Кога камионот минувал крај него, сопатникот скокнал на хаубата и почнал да удира по шофершајбната со рацете и со челото. Возачот, и покрај ситуацијата, не застанал цели 15 километри. Видеото покажува дека тој дури и се обидува да го оттурне сопатникот од возилото со нагли сопирања и возење лево-десно.
Meanwhile on I-95… #BecauseFlorida https://t.co/QSW7djsSPc video: Erik Morales pic.twitter.com/JFszMVFdi3
— Billy Corben (@BillyCorben) August 1, 2020
Во еден момент, човекот на хаубата се свртува кон автомобилот откаде што го снимаа настанот, врескајќи: „Јавете се во полиција!“
Лицето со камерата сведочи дека мажот исто така користел метален предмет за да ја скрши шофершајбната. Човекот со крвави раце и глава е задржан в болница на 72-часовна проверка на здравствената состојба. Нема информации за посериозни повреди.