Во Италија и во Швајцарија падна снег, што ги изненади и метеоролозите.
На швајцарскиот врв Вајсфлујох денеска падна снег, а температурата на воздухот се спушти под нула.
На планинскиот врв Вајсфлујох, висок 2.693 метри, познат е и по неколкуте лаборатории на Институтот за снег и истражување на лавини.
И во Италија на планинскиот превој Стелвио синоќа падна снег.
Стелвио се наоѓа во северниот дел на Италија, на границата со Швацарија на височина од околу 2.757 метри.
И на Стелвио и на Вајсфлујох снежната покривка изнесува околу 20 сантиметри.