Македонскиот „Космонаутко“: Вие сте на плажи каде што сте кул и фенси, вие сте виновни што децата ни страдаат!

Од:

Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје, човекот кој стана познат како „Космонаутко“, бидејќи секојдневно, облечен со скафандер и друга заштитна опрема оди по домовите и зема брисеви за Ковид-19 од лицата кои се болни од коронавирусот или пак во изолација, денеска, за првпат се огласи во јавноста со остра порака до сите кои не ги почитуваат мерките за заштитa.

Јанкуловски од почетокот на корона кризата е буквално светлата точка во македонското општество – секој ден на социјалните мрежи се вклучува во живо во 6 часот наутро со песна и на сите им посакува убав ден, пред да ја почне својата „тура“ низ Скопје, во домовите каде има заболени или изолирани лица.

Денеска, откако добил порака од детенце кое му се пожалило дека нема со кого да си игра и дека му фали држбата со другарките, Јанкуловски на Фејсбук напиша:

„Ме прашуваат многу деца кога ќе се собереме, кога ќе играме оро, кога ќе пееме на Школка, кога ќе се сликаме сите заедно. Јас им велам набрзо, се надевам дека што побрзо ќе се видиме и израдуваме. Но, гледајќи ве вас знам дека нема да биде така брзо“.

„Упорно и упорно вие сте некаков вид бунтовници од не знам кои причини. Нема што вас некој да ви кажува маска да носите, сите лажат, ова нема врска, од лабораторија е не е природен, вие не сте виделе еден заболен и слично. Вие сакате одмор и тачка, ама одмор у гужва јер иначе тоа не е одмор. И тоа ве прави high & happy. Вас не ви се битни никој, почнувајќи од вас. Ниту вашите деца, родители, комшии, пријатели и нивните семејства. Не ви се битни сите познати и непознати. Не сте си битни ни самите себеси.
Знаете ли дека има деца кои со месеци седат дома изолирани или кога излегуваат надвор прошетките им се само со најблиските, кои си ги немаат видено другарчињата од училиште или од зграда, од улица 5-6 месеци а како тргнало со вашето необјасниво однесување ќе ги казните уште месеци? Знаете ли дека на овие деца им фали дружбата? Им фалат седењата пред зграда, лимонадата во Ескимо, брканиците на плочниците, сладоледот од Ригара…им фалат децата.
А знаете ли дека вие сте тие што ги казнувате и ги правите тажни? Вие сте тие кои со ништо не помагате ова лудило да заврши што побрзо и повторно да ги видиме нивните насмевки и радости надвор на ова убаво време.
Да, токму вие сте виновни“.

Јанкуловски секојдневно е во контакт со болните и изолираните лица во Скопје, поради коронавирусот. Тој секојдневно објавува и цртежи што му ги цртаат децата, облечен како космонаут, а најави и дека по завршувањето на корона кризата, ќе направи изложба од нивните цртежи.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски