Македонија најмногу увезува и извезува со земјите во ЕУ

Од:

Обемот на стоковната размена со странство во првите три месеци од годинава изнесува 2.447.987 илјади американски долари. Извозот на стоки изнесува 948.053 илјади долари, а увозот 1.499.934 илјади долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 63,2 отсто. Трговскиот дефицит изнесува 551.881 илјади долари, објави Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Македонија, според статистичките податоци, најмногу известувала 72,4 отсто од стоките кон земјите од ЕУ и земјите од Западен Балкан 18,8 отсто. Во овој период најмногу стоки се увезуваа од земјите од ЕУ 56,3 отсто.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија. Со овие земји се одвива 49,1 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница