Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

Од:

Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и Битола. Регистрирани се 185 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројот на оздравени пациенти е 6.882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.675.

Од вкупниот број активни случаи во државава – 3.675, во Скопје има 1.372, во Штип – 428, во Гостивар 269, во Куманово – 263, во Тетово – 237, во Струга – 202, во Свети Николе – 165, во Дебар – 118, во Кичево – 105…

Досега во земјата се направени вкупно 105.357 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника, според вчерашните податоци за изминати 24 часа, примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти од кои на кислородна поддршка се 47 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и пет пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се седум пациенти. Вкупно хоспитализирани се 96 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Од скопските општини најголем број активни случаи и натаму има во Чаир – 170, по кој следат Аеродром – 156, Кисела Вода – 149, Гази Баба – 139м Центар – 120, Карпош – 120, Шуто Оризари – 111, Ѓорче Петров – 97, Бутел – 87, Сарај – 65, Студеничани – 48, Арачиново – 24, Илинден – 23, Сопиште – 21, Петровец – 17, Чучер Сандево – 8, Зелениково – 8. Има и шест активни лица кои се странци, како и тројца кои се нераспределени.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил напиша дека лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет.

– Да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци, затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете, порача Филипче на својот ФБ профил.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски