Невработените Американци од утре може да останат без државна финансиска помош

Од:

Претставниците на демократите во Конгресот и актуелната републиканска администрација во Белата куќа не се близу до договор за продолжување на исплатата на финансиската помош на милиони невработени Американци.

Актуелната одлука за исплата на финансиска помош за оние кои ги загубија своите работни места поради пандемијата на коронавирус истече на 31 јули.

– Ова беше најдолгата средба досега и попродуктивна од другите. Но, сепак има многу отворени прашања, рече лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, по тричасовната средба со секретарот за финансии Стивен Мнучин и шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоус.

Мнучин рече дека разговорите биле конструктивни, но оти не е постигнат договор за тоа дали да се постигне краткорочен или посеопфатен договор.

Следниот состанок на демократите и републиканците е утре.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ