Во првите шест месеци годинава вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма

Од:

Во изминатите шест месеци успешно се надмина состојбата, односно се обезбеди континуиран прилив на крвни единици со што се избегна можноста да чуствува недостаток на крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти, информираат од Министерството за здравство.

„Во првите шест месеци од ова година вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма. Благодарност до сите крводарители, дарители на тромбоцити и дарители на конавелесцентна плазма, тие се херои на денешно време. Институт за трансфузиона медицина порачуваат: Дарувај, биди хуман, биди херој!“, се вели во соопштението.

Во насока на олеснување на пристапот ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина заедно со Црвен Крст на Република Северна Македонија се реорганизираа во однос на крводарувањето во земјата, со цел да се запазат највисоките мерки за заштита на карводарителите и здравствениот персонал, а притоа да се обезбеди континуиран прилив на крвни единици за одржување стабилни количини на крвни продукти.

Институтот е во постојана комуникација со Министерството за здравство за состојбата со крвни продукти, а исто така постојано ја следи епидемиолошката состојба во земјата за безбедно спроведување на крводарителските акции, избегнувајќи ризични подрачја опфатени со поголем број на инфицирани.

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење