Илјадници незадоволни граѓани веќе трета недела протестираат во Хабаровск, главниот град на истоимениот регион на крајниот исток на Русија, поради апсењето на гувернерот Сергеј Фургал под обвинение за соучесништво во убиства пред да влезе во политика.
Огорчените граѓани сметаат дека обвиненијата против гувернерот Фургал се неосновани и бараат судењето да се спроведе во неговиот роден град, кој е оддалечен повеќе од 6.000 километри од Москва.
Повеќето од демонстрантите се собираат во текот на викендот, во просек до 10.000, иако властите велат дека на улиците има најмногу околу 3.500 луѓе.