ДОМ: Да не поскапува струјата за домаќинствата

Од:

Зелената партија ДОМ ја повикува Регулаторната комисија за енергетика да ја преиспита одлуката и да не дозволи покачување на цената на струјата за домаќинствата. Во време на корона криза кога граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, поскапувањето на струјата ќе предизвика дополнително оптеретување на нивниот домашен буџет.

Потребно е ЕСМ и МЕПСО да ги намалат оперативните трошоци на работењето, а ЕВН како универзален снабдувач да ја намали маржата на профит, за да се добие поевтина електрична енергија што ќе рефлектира со пониски сметки за струја. ЕСМ мора интензивно да инвестира во обновливи извори на енергија за во иднина да биде конкурентен на пазарот.

Зголеменото искористување на обновливите енергии, пред се од сонцето, за производство на електрична енергија од страна на домаќинствата и компаниите, како и зголемената енергетска ефикасност на објектите, ќе овозможи пониски цени на струја, намалување на загадувањето и климатските промени. Затоа, ДОМ инсистира на подобрување на регулативата за поставување фотоволтаици во домаќинствата и компаниите, без ограничување на инсталираната моќност и субвенции за поставување фотоволтаици и енергетска ефикасност на домовите.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 15.08.2025 изнесува 73,22 евра за мегават час, на МЕМО 83,07 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 08.08.2025 изнесува 77,96 евра за мегават час, на МЕМО 71,63 евра за мегават час

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата