Припадник на британските Колдстрим гардисти, чија задача е обезбедување на објектите кои ја претставуваат Круната, е уапсен под сомнение за поседување дрога, јавуваат британските медиуми.
Полицијата извршила претрес во собата и автомобилот на гардистот, но според извештаите, дрогата – девет вреќички со кокаин и кетамин, била пронајдена во бања во палатата „Свети Џејмс“, каде гардистот бил на должност.
Гардистот беше суспендиран до крајот на истрагата.
Колдстрим гардистите се најстарата единица во британката војска со постојано функционирање, која влече корени од 1650 година и граѓанската војна во Англија.