Регистриран првиот смртен случај во Грција од вирусот Западен Нил

Од:

Пациент со претходни здравствени проблеми и возраст од над 80 години е првиот регистриран смртен случај во Грција од вирусот Западен Нил, додека пак во земјата се дијагностицирани вкупно десет заразени лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција, од десетте потврдени случаи, пет се хоспитализирани, четворица пациенти биле отпуштени од болниците, а еден почина.

Првите два случаи на Западен Нил во Грција беа регистрирани на 19 јули кога Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека случаите, со оглед на тоа што речиси секоја година во текот на летото и есенските месеци, „се појавуваат случаи во разни области (и) во Грција“, се очекувани во актуелниот период.

Според официјалните податоци, вирусот во земјата е присутен од 2010 година, а заклучно со лани, во периодот 2010-2019 година биле регистрирани вкупно 1.216 случаи и починале 170 лица.

Во 2015 и 2016 година не бил регистриран ниту еден случај, а најмногу заразени и смртни случаи имало во 2018 година – 317 случаи и 51 починат.

Минатата година биле регистрирани 227 случаи, а починале 35 лица.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина