ВМРО-ДПМНЕ: Подобро да падне Заев отколку индустриското производство

Од:

„Индустриското производство драматично падна за 15% во вториот квартал, а Зоран Заев си вози луксузни мотори.

Се очекува поскапување на електричната енергија , а Заеви си делат тендери во РЕК Битола и го полнат со партиски послушници.

Секојдневно десетици граѓани ги губат животите, а стотици го губат здравјето како резултат на ескалацијата на корона кризата, а Заев и Филипче само лажат дека ситуацијата била под контрола“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен полнење на сопствените џебови, Заев и неговите соработници не ги интересира ништо друго, а најмалку проблемите на граѓаните.

Наместо капитални инвестиции, проекти и нови фабрики како што ветуваше СДСМ, сведоци сме на рекет, корупција, уцени и нарачани судски одлуки. Тоа е реалната слика за овие луѓе кои повеќе од три години пустошат во државата и при тоа секојдневно ги лажат граѓаните дека државата е на добар пат.

На Република Македонија не и се потребни политичари од типот на Зоран Заев кои освен лаги и манипулации не знаат ништо друго, туку луѓе кои се чесни, стабилни и професионалци во својата област на делување, кои ќе придонесат за подобро утре“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО