Американец го проневерил државниот фонд за превенција од пандемијата за да купи Ламборџини

Од:

Жител на американската сојузна држава Флорида е обвинет за проневера на пари од фондот за помош на ранливите категории на лица во период на пандемија затоа што со државните средства купил автомобил од познатиот италијански бренд „Ламборџини“.

29-годишниот Дејвид Хајнс испратил барања за финансиска помош во фондот за своите 70 вработени лица по што „Банката на Америка“ му доделила околу четири милиони долари.

По неговото купување на луксузниот автомобил „Lamborghini Huracan EVO“, американските власти откриле дека Хајнс сторил кривично дело- проневера со тоа што ги измамил институциите. Во  меѓувреме, истражителите дознале и дека останатиот дел од парите обвинетиот ги трошел на накит, престојување во хотели и за издршка на неговата мајка.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката