Абас: Палестинците можно е да одобрат мала промена на границите заради договор со Израел

Од:

Палестинците може да одобрат мала размена на територии како дел од финален договор со Израел, но нема да го признаат како „еврејска држава“, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас на прес конференција синоќа во Рамала со српскиот претседател Томислав Николиќ.

Катарскиот премиер шеик Хамад бин Џасим ал Тани изјави во Вашингтон дека Арапската лига е согласна со идејата за размена на територии за да се олесни мировниот договор меѓу Палестинците и Израел.

Абас нагласи дека Палестинците би можеле ако се побара, да одобрат мала промена на границите, но се уште настојуваат за палестинска држава во границите од 1967 година со главен град Источен Ерусалим. Николиќ изјави дека Абас го информирал за напорите за обнова на мировниот процес со Израел и додаде дека меѓународните напори за тоа се движат во правилна насока.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

ПЛО: Израел сака да ги истреби Палестинците во северниот дел на Појасот Газа

Горан Наумовски