Трамп сака изборите во ноември да бидат одложени поради безбедносни причини

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп побара одложување на претседателските избори закажани за ноември оваа година, информира британски „Би-Би-Си“.

Трамп на својот „Твитер“ профил предложи изборите да се одржат тогаш кога граѓаните ќе можат правилно, безбедно и сигурно да гласаат.

„Со универзално гласање по пошта (а не гласање во отсуство, што е добро), изборите во 2020 година ќе бидат најизмамничките во историјата на САД. Тоа ќе биде голем срам за државата“, напиша Трамп на „Твитер“.

Соединетите држави претходно објавија дека гласањето треба да се организира по пошта поради пандемијата на коронавирус.

Американската национална телевизија „Си-Ен-Ен“ информираше дека според правниот систем во државата, Трамп нема уставно овластување да ги одложи изборите, но Конгресот може да го стори тоа.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија