Во салата на Советот на Општина Центар, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со вработените од Секторот за урбанистичко планирање и планерите, денеска го презентираа предлог Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица.
На јавната презентација присутни беа претставници од надлежните институции и комунални претпријатија (ЈП Водовод и канализација – Скопје и Снабдување со топлина БЕГ ДООЕЛ), претставници од сите правни субјекти кои функционираат во овој дел од Центар и засегнатите жители кои живеат на таа локација.
Овој план, како што посочија од Општина Центар, слично и на останатите се изработува со цел усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 година. Најголемите усогласувања се направени во однос на новата регулација од ГУП-от, последователно усвоените проекти за инфраструктура, како и преземање на доминантната група на класа на намени Б (комерцијални и деловни намени) од ГУП-от.
– Најголемата промена во однос на претходниот ДУП од 2011-та за оваа четврт е направена кај градежната парцела 1.15, за која површина во претходниот ДУП и ГУП е предвидено зеленило. Од групата на класа на намени Б (комерцијални и деловни објекти), предвидена со ГУП за оваа четврт. Како најсоодветна за жителите на западниот дел од четвртта е избрана класата на намени Б2-големи трговски единици зашто овозможува А2 – домување во станбени згради, како компатибилна намена до 40 проценти од објектот и со тоа решавање на станбеното прашање на луѓето во рамки на идниот развој на четвртта, образложија од Општина Центар.
Од Општината наведоа дека сите останите објекти се задржуваат во површините и обемот предвидени со претходната планска документација, зашто истите се предмет на договорни обврски.
– За културното наследство (Старата Железничка станица) во опфатот на овој ДУП изработени се нови Заштитно – конзерваторски основи кои се одобрени со решение од Управата за заштита на културно наследство во 2019-та година и истите се вградени во планот, истакнаа од Општината.
Напоменаа дека иако ГУП 2012-2022 предвидува нула хектари и нула отсто зеленило, сепак, во опфатот се задржува постојниот парк на југо-источниот крај и други помали зелени површини со вкупна површина од еден хектар или 8.33 процнети од опфатот.
– Доколку граѓаните сакаат дигитално да пополнат, анкетниот лист е достапен во електронска форма на веб-страницата на Општина Центар на следниот линк: https://www.centar.gov.mk/?