Загина пилот на „Ред бул“ ескадрила

Од:

Пилот на „Ред Бул“ ескадрила загина денес доцна попладе, откако се урна авионот со кој пилотираше кај местото Баумкирхен, недалеку од главниот град на австриската покраина Тирол, Инсбрук.

Околу 16 часот радиото информираше дека привремено е блокиран сообраќајот на автопатот Инталаутобан, поради принудно слетување на еден авион.

Полицијата се обидела да го подготви теренот за да слета авионот, но тој паднал помеѓу Милс и Баумкирхен. Во обидот да слета, авионот за малку избегнал судир со еден автомобил.

Спасувачките екипи пристигнале до местото на несреќата и го извлекле пилотот, но тој веќе бил мртов.

Авионот најверојатно поради технички проблеми не можел да пристигне до аеродромот во Инсбрук, кој бил на само неколку километри од местото на несреќата.

Според австриските медиуми авионот бил дел од „Ред бул“ ескадрилите, која учествувала во програмот „Кини Фулгас дан“, во Шлитерс.

Оваа манифестација се одржува секоја година во организација на познатиот мотоциклист од Австрија, Хајнц Кинигаднер.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он