Промоција на годинашната јубилејна програма на 60. Охридско лето

Од:

Фестивалот „Охридско лето“ кој годинава слави 60 години постоење, денеска ќе ја промовира програмата за претстојното, јубилејно издание.

Организаторите најавуваат квалитетна, уникатна, атрактивна и возбудливата програма од 04-ти до 30 август. Фестивалската сцена, како што наведуваат, повторно ќе биде домаќин на најголемите, најславните и најуспешните.

Јубилејното издание ќе се одржува според КОВИД протоколите, а пропишаните мерки за заштита максимално ќе се почитуваат и за време на прес-конференциите во текот на фестивалот.

-Безбедносни мерки ќе бидат преземени и за заштита на уметниците кои годинава ќе се запишат во елитниот уметнички свет и ќе направат едно возвишено и успешно издание на фестивалот кој нуди совршенство на класичната музика и театарот. Во рамки на утврдените протоколи за уметниците ќе се почитуваат мерките за заштита од нивното доаѓање до нивното заминување. Тоа подразбира дека ќе се почитуваат препораките како за нивниот престој, така и за нивниот настап, обезбедување слободен влез на сцена и излез, одржување безбедно растојание со организаторите и публиката, целосна дезинфекција на сцената пред и после настан, обезбедување редарска служба за нивно непречено движење, наведуваат организаторите.


Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, Охридско лето годинава ќе ги реализира предвидените настани на отворен простор. Свеченото отворање ќе биде на Античкиот театар каде вкупниот капацитет од 1.700 места ќе се намали на 400, односно гостите ќе бидат распоредени на два метра растојание на секој втор ред од гледалиштето.

Фестивалот ќе ги почитува КОВИД препораките и во делот на продажбата. За секоја изведба ќе се води евиденција на присутните, затоа при купување на влезниците ќе се побара да го остави име, презиме и контакт број. Билетарницата има поставено заштитна преграда помеѓу билетопродавачот и посетителот, обезбедено средства за дезинфекција за раце и ознаки поставени на два метри растојание пред секоја каса за наплата, за безбедна, безконтактна продажба.

Фестивалот „Охридско лето“ првпат се одржал на 4 август 1961 година во црквата Света Софија со настап на првенката на Македонската опера, Ана Липша Тофовиќ и нејзиниот пијано соработник Ладислав Перлдик. Изведени биле дела од Хендл, Моцарт, Бетовен и Глук.

Својата зрелост како манифестација со високи уметнички вредности „Охридско лето“ ја потврди и заокружи во средината на 90-те години, поточно во 1994 год. Кога станува член на Европскиот сојуз на фестивалите со седиште во Женева.

Во изминатите шест децении, на „Охридско лето“ продефилираа врвни уметници. Денес фестивалот е синоним за достоинство не само на Охрид, туку и на државата. Преку него светот не препознава на најрепрезентативен начин.

Традиционално, манифестацијата е под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма