Туристичките работници протестираа пред Владата: „Туризмот е на респиратор“

Од:

„Туризмот на респиратор“,„Ни треба помош сега и веднаш“, „Триста туристички агенции ќе стават клуч на врата“, „Државата ќе загуби милионски суми од даноци“, „Автобусите ќе останат паркирани“, „Помош за агенциите значи спас за туризмот“, беа само дел од транспарентите на денешниот мирен протест што го организираа туристичките работници.

Тие пред Владата уште еднаш ги искажаа своите барања и предупредија дека ако државата не реагира веднаш, секторот ќе колабира. Околу 5.000 семејства, рекоа, ќе останат без приходи и исто толку лица ќе треба да се пријават во Агенцијата за вработување.

Тие предупредија дека доколку ваквата ситуација продолжи, ќе бидат приморани да стават клуч на врата.

Денеска Стопанската комора за туризам упати нови барања до Министерството за економија за втор сет мерки за поддршка за секторот, меѓу кои се и продолжување на мерката субвенционирање на плати (14.500,00ден) и придонеси до крајот на 2020г. со измена за 100% покривање на трошоците за придонеси, во дејностите Туризам и Превоз, ослободување од плаќање на ДДВ и аконтативен данок на добивка до крајот на 2020г., како и субвенционирање на зелен картон за автобусите и минибусите за 2021 година.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод