Рускиот суд денес на десет години го осуди сопственикот на ноќниот клуб во Перм, Антолиј Зак, каде што во пожар во 2009 година, загинаа 156 лица.
Зак е казнет на девет години и 10 месеци затворска казна. Освен него на затворска казна помеѓу четири и десет години се обвинети уште шест лица, меѓу кои и уметничкиот директор на клубот, пиротехничарите и контролорите за безбедноста.
Во ноќниот клуб во Перм, во декември 2009 година изби пожар во тек на пиротехнички спектакл.
Вознемирените посетители веднаш се обиделе на излезат надвор од клубот, меѓутоа во тоа биле спречени, бидејќи постоел само еден излез.
Поради тоа судот заклучи дека Зак и неговите соработници се одговорни за смртта на 156 лица, бидејќи не ги почитувале задолжителните правила за безбедност.
Елена Георгиевска