ОБСЕ: Над стопати прекршено примирјето во Источна Украина

Од:

Во изминатите денови регистрирани се повеќе од сто прекршувања на примирјето во Источна Украина, соопшти Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

ОБСЕ наведе дека примирјето е прекршено во Доњецк, но и во соседниот регион Луганск.

– Во Доњецк се регистрирани 111 прекршувања на примирјето, вклучително и 21 експлозија, се наведува во соопштението на ОБСЕ.

Украинската армија и проруските сепаратистички групи меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето, што стапи во сила во понеделникот на полноќ.

Во текот на шестгодишниот конфликт во Источна Украина имаше над 20 за прекин на огнот, но ниту еден не успеа. Според податоци на Обединети нации во конфликтот загинаа повеќе од 13.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива