Од утре носењето маска во јавниот транспорт во Грција станува задолжително

Од:

Грција го проширува опсегот на затворени јавни места, каде што е задолжително да се носи заштитна маска за да се спречи ширењето на коронавирусот откако беше евидентирано зголемување на бројот на нови случаи во втората половина на месецот, објави „Ројтерс“.

Пред 10 дена здравствените власти донесоа одлука за задолжителното носење заштитна маска од страна на потрошувачите во супермаркетите. Со проширување на опсегот, носењето на заштитна маска станува задолжително и во јавниот превоз, а мерката ќе стапи на сила од утре.

Со наметнатата строга изолација на почетокот на март, Грција успеа да го задржи ширењето на коронавирусот на 4.227 заразени лица и 202 смртни случаи, пренесе „Ројтерс“.

Би можело да ве интересира

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција