Уште еден Бугарин се самозапали

Од:

Еден 47-годишен маж денеска се самозапали во бугарскиот град Смољан, во јужниот дел од земјата, а неговата здравствена состојба е многу сериозна. Ова е седми случај од февруари досега.

– Венцислав Козарев е префрлен во болница во критична состојба, бидејќи се здобил со изгореници од трет степен на повеќе од 70 отсто од телото, изјави началникот на полицијата во Смољан, Кирил Хаџихристев.

Тој нагласи дека причина за самозапалувањето се „лични проблеми“, имајќи предвид дека жртвата бил во период на развод.

Во Бугарија во текот на последните месеци е забележан бран на самозапалувања. Петмина од шесте Бугари кои претходно се самозапалија починале. Само тројца од нив претходно изнеле политички барања, додека останатите на ваков чин ги натерала сиромаштијата.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени