Мицкоски до Холштајн: ВМРО-ДПМНЕ прави напори за формирање ново парламентарно мнозинство

Од:

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска се сретна со германската амбасадорка во земјава Енке Холштајн, на која разговарале за актуелната политичка состојба, изборите и идните стратешки приоритети.

Мицкоски, како што соопшти Центарот за комункации на партијата, посочил дека врз основа на добиената доверба од граѓаните и верувајќи во принципите и вредностите кои беа елаборирани од страна на Коалицијата за обнова на Македонија, прави напори за формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе значи зафаќање со сериозна работа за надминување на тешката криза во која се наоѓа државата.

Мицкоски на средбата истакнал дека се потребни сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон Европската Унија. -Владата на СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата, рекол Мицкоски на средбата.

Според Мицкоски, „изборите не можат да се оценат за фер и демократски, бидејќи, како што истакнал, власта спровела низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласање со што сериозно се нарушува демократскиот фундамент на изборите, а државата доби и сериозни забелешки за изборите нотирани од мисијата на ОБСЕ“.

Претходно денеска СДСМ преку соопштение повтори дека тие ќе ја формираат новата Влада која, како што истакнаа, ќе продолжи по патот на напредокот, демократијата и правдата со уште поуспешни политики и уште подобри резултати.

-Новата Влада предводена од СДСМ не само што продолжува со успешните политики, следниот мандат се обврзува да испорача уште повеќе и уште подобри политики и мерки насочени исклучиво во интерес на државата и граѓаните, наведоа од СДСМ.

На предвремените парламентарни изборишто се одржаа на 15. месецов СДСМ освои 46 пратенички мандати, а ВМРО-ДПМНЕ 44.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ