Полицијата во Сиднеј го уапси водачот на антирасистичките протести

Од:

Полицијата на Нов Јужен Велс го уапси водачот на антирасистичките протести во Сиднеј и ги спречи тие и денеска да се одржат, откако судовите донесоа одлука дека собирање во тој град е нелегално поради пандемијата.

Организаторот Педи Гибсон беше еден од многумината кои беа уапсени во еден парк пред да почне собирот на пладне.

Двајца полицајци се фотографирани како го водат Гибсон, а полицијата ја расчистила толпата во паркот 15 минути пред закажаниот почеток на митингот.

Некои демонстранти платиле казни од 1.000 австралиски долари, а бројот на собраните бил многу помалку од 5.000 колку што се регистрирале на социјалните мрежи дека ќе дојдат.

Полицијата на Нов Јужен Велс ги потврди апсењата и најави соопштение за подоцна.

Собирите на отворено во оваа австралиска држава се ограничени на 20 лица поради закана од пандемија.

Гибсон ги организираше протестите со семејството на еден човек кој почина во затвор во 2015 година, откако неколку пати рекол „не можам да дишам“.

Демонстрантите собраа повеќе од 100.000 потписи во петиција во која се бара обвинение против затворските чувари.

Судијата на Врховниот суд на Нов Јужен Велс во неделата го прифати тврдењето на полицијата дека демонстрациите се ризични поради пренесување на заразата, а апелацискиот суд ја одби жалбата на демонстрантите кои тврдеа дека судијата немал надлежност да го забрани митингот.

Премиерот на Нов Јужен Велс предупреди дека Сиднеј е во критична точка од пандемијата, во која властите се борат да ги намалат заразите со барање контакти и тестирања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа