Велковска од Совет на Град Скопје: Болничкиот паркинг мора да биде бесплатен за сите

Од:

Активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје Драгана Велковска, соопшти дека испратила барање до Советот да ја повлече од денешната седница точката за усвојување на одлуката за измена и дополнување на Ценовникот на услугите што ги извршува ЈП „Градски паркинг“-Скопје.

– Сметам дека болничкиот паркинг мора да биде бесплатен за сите, а особено во ек на пандемија и во пресрет на светска финансиска криза која се предвидува од есен. Градот е должен да покаже солидарност и хуманост, граѓаните и медицинскиот персоналне смее да бидат оставени на цедило, уште помалку да бидат третирани како фиксни извори на приход за претпријатие кое самостојно објави дека падот на прометот се должи на пандемијата, се вели во соопштението од Велковска.

Таа побарала и од Управниот одбор на претпријатието да ја повлече одлуката и да усвои нова.

– Одлуката за 60 проценти зголемување на цената на болничкиот паркинг, стои во соопштението, ја сметам за бескрупулозна стратегија за капитализирање врз маката на граѓаните и затоа побарав од Управниот одбор на ЈП „Градски паркинг“ да ја повлече и да усвои нова одлука, која на дело ќе покаже дека градските власти навистина стојат до граѓаните во најтешките времиња, а не наспроти нив, стои во соопштението.

Имено, во Одлуката стои дека цената на услугата паркирање на јавното паркиралиште „Комплекс клиники Мајка Тереза“ треба да изнесува 40 денари за еден час паркирање со вклучен ДДВ.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот