Пуштање во употреба на втората делница од булеварот „Борис Трајковски“

Од:

Втората делница од булеварот „Борис Трајковски“, поранешна улица „Првомајска“, на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“, денеска ќе биде пуштена во употреба.

Делницата е долга 1.126 метри и во текот на зимата непречено се работеше на проширување и реконструкција. Поставена е нова атмосферска канализација, осветлување, тротоари, асфалтиран е и коловозот.

Град Скопје во октомври минатата година официјално ја пушти за сообраќај првата делница од проширениот и реконструиран булевар „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, кој се градеше на потегот од „Рампа“ до крстосницата со улицата „Народни херои“, во должина од 1.380 метри.

На пуштањето на втората делница од булеварот ќе присуствуваат градоначалниците на Град Скопје и на Кисела Вода Коце Трајановски и Билјана Беличанец – Алексиќ.

Би можело да ве интересира

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он