Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека за три месеци ќе биде потпишан договор за изградба на брза пруга од Белград до Ниш, со која според него драстично ќе се скрати најбрзото време на патување меѓу двата најголеми града во државата.
Вучиќ на својот Инстаграм профил прецизираше дека ќе се гради брза пруга на оваа делница во должина од 204 километри, за возови што ќе се движат со брзина од 200 км на час и дека од Белград до Ниш ќе се патува за еден час и 20 минути.
Според најавите на Вучиќ, пругата треба да биде завршена до крајот на 2023 година, а тој не објави други детали за овој проект.