Делегација на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со евроамбасадорот Жбогар

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николоски и секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска остварија средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар, информираат од партијата. На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и процесите важни за државата.

„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека партијата прави напори за составување на ново парламентарно мнозинство по одржаните избори, и таквиот процес се базира на принципиелна основа и програмските определби со кои ВМРО-ДПМНЕ настапи на последните избори. За ВМРО-ДПМНЕ е важно да се почитува правото и правната држава и да се направи коалиција темелна на определбите за интеграција на државата во Унијата но и коалиција која ќе ги почитува законите и владеењето на правото,“ велат од партијата.

Исто така од ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека изборите поминаа во недемократска атмосфера, со сериозни прекршувања, организиран поткуп и прекршувања на изборните правила што и беше нотирано од мониторинг мисија на ОБСЕ.

„Таквиот отворен поткуп и брутално газење на волјата на граѓаните надополнета со функционери на власта кои се фатени во поткуп, а за тоа не одговараат поради спрегата со обвинителство, укажува дека државата не ги исполнува основните критериуми за демократско владеење и во потполност доаѓа до израз хибридниот режим потенциран од повеќе релевантни меѓународни институции,“ се вели во партиското соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Република Македонија мора да напредува на патот кон Европската Унија а за да се постигне тоа потребна е нова влада со легитимитет од граѓаните со агенда за суштински реформи кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните и санкционирање на криминалот и корупцијата,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски