Во следните денови, следејќи ги препораките од експертите и доколку биде потребно, употребата на маска ќе биде задолжителна во повеќе видови затворени простори, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Пецас истакна дека ги загрижува зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 особено во големите урбани средини како што е областа Атика, поширокиот регион на Атина и Солун и токму затоа се разгледува можноста да се воведе задолжитела употреба на маска онаму каде што сега не постои обврска за граѓаните.
Како пример ги спомена продавниците во моловите и трговските центри, но и црквите.
Toj oбјасни дека е нешто се разгледуваа од експертите и кога ќе постои одлука од надлежната комисија, ќе биде соопштена.
Портпаролот на грчката Влада повтори дека главниот непријател е во внатрешноста на земјата, а тоа е олабавувањето на граѓаните.
-Зголемениот број случаи во урбаните центри како што се Атика и Солун потсетува дека вирусот и понатаму е присутен и се храни од нашата опуштеност, истакна портпаролот на грчката Влада.
Паралелно, Пецас соопшти дека во периодот од 24 до 26 јули биле направени 2.816 контроли за почитување на здравствените протоколи, биле регистрирани прекршувања во 198 случаи и изречени 220 казни во висина од 86.050 евра.