Јовановски ја официјализираше кандидатурата за лидер на СДСМ

Од:

Денес ја поднесов мојата кандидатура за претседател на СДСМ.  Денес е убав ден, Први мај, Ден на трудот, и има голема симболика во поднесување на  кандидатурата токму на денешниот ден, изјави Зоран Јовановски.

„Во ова време на голема сиромаштија, невработеност, бесперспективност, сакам во СДСМ и во Македонија да ги вратам вредностите кои се столбот на социјалдемократијата, праведноста, солидарноста, и силно верувам дека членовите на СДСМ и граѓаните тоа ќе го препознаат.

– Јас имам сериозен план, програма и тим. Ќе понудиме автентична чесна приказна за еден поинаков СДСМ. СДСМ има шанса да тргне по патека по која не одел досега. Притоа, мојата цел не е само  да станам претседател на партијата. Јас сакам преку длабоки и темелни реформи да направам победнички СДСМ, СДСМ кој ќе го победи Никола Груевски и неговиот начин на владеење и ќе ја направи Македонија слободна, модерна и просперитетна. Ќе имаме многу работа, но ќе ги засукаме ракавите и ќе успееме, за доброто на сите граѓани на Република Македонија“, рече Јовановски

Јовановски истакна дека е задоволен од сигналите што доаѓаат од партиското членство како поддршка за неговата кандидатура.

„Задоволен сум и од досегашниот тек на постапката, таа е транспарентна, отворена и претставува добар сигнал дека од јунскиот конгрес СДСМ ќе излезе силен и единствен“, дополни Јовановски.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат